24фудбал

Тајсон разочаран што не отиде во Милан, му се обрати на Шахтар: Честитки што го урнавте мојот сон!

Милан се обиде да го купи Тајсон од Шахтар во последниот ден од преодниот рок, но двата клуба не се договорија за висината на обесштетувањето.

Лига на Шампиони

Шахтар одби да го продаде Тајсон за помалку од 30 милиони евра колку што е неговата откупна клаузула.

Со оглед на тоа што Тајсон има 31 година, а нема искуство во најдобрите лиги во Европа, Милан не сакаше да ја плати таа сума.

Фудбалерот своето разочарување од украинскиот клуб го сподели и на социјалните мрежи.

„Честитки што ставивте крај на мојот сон. Уште еден срушен сон“, напиша Тајсон на својот инстаграм профил.

И Рома се поврзуваше со Бразилецот кој има осум натпревари за својата земја и еден постигнат гол.