24фудбал

Нејмар со помош на ФИФА следното лето прави трансфер, ќе биде првата ѕвезда која ќе го искористи „правилото Вебстер“?!

Ден по затварањето на летнот трансфер пазар, медиумите блиски до Барса пишуваат за трансфер на Нејмар во 2020, Бразилецот на помош ќе ја повика УЕФА и ќе може да замине за околу 170 милиони евра.

Франција

Напаѓачот изрази желба ова лето да ја промени средината, да го напушти Париз и да се врати на Камп Ноу. Но Барселона немаше доволно финансии да го комплетира трансферот, а и ПСЖ постави висока цена (последните извештаи велеа 300 милиони евра).

За иднината на Бразилецот сигурно ќе се пишува и во иднина, а ден по затварањето на летниот преоден рок, Мундо Депортиво излезе со сторија за тоа како Нејмар следното лето ќе замине од престолнината на Франција.

Весникот кој е близок до Барса, вели дека Нејмар на помош ќе ја повика ФИФА, и адвокатите и агентите на играчот веќе стапиле во контакт со светската куќа на фудбалот за да се распрашаат за која сума ќе може да биде купена неговата слобода.

МД говори за членот 17 на ФИФА кое е попознато како „правило Вебстер“. Се веруваше дека ова правило може да донесе голем пресврт и промени во начинот на кој функционира фудбалскиот свет (по „правилото Босман“) но ретко кој го користи, до сега ниту една фудбалска ѕвезда не се решила на еден ваков чекор.

„Правилото Вебстер“ всушност им овозможува на играчите помлади од 28 години кои одработиле три сезони или три години од договорот (за играчите постари од 28 години потребно е да одработат две години од договорот), за определена сума да си ја купат слободата.

Бројката се одредува според формула на ФИФА, се земаат неколку параметри, а најзначајни се сумата која е платена за да се купи играчот и колкав дел од трошоците за трансферoт се амортизирани.

МД вели дека во случајот на Нејмар ќе бидат потребни 170 милиони евра.

Доколку Бразилецот се реши на ваков начин да издејствува трансфер, тој ќе биде првото звучно име кое на помош ќе го повика „правилото Вебстер“ за да ја промени средината.