24фудбал

Морено со преубав гест за Енрике: Ако сакаш да се вратиш, јас ќе се повлечам од почит кон тебе

Убав гест до својот голем пријател упати Морено, кој во моментов ја обавува функцијата селектор на Шпанија, воедно, Енрике доби и предлог во доста чувствителен период во кој помина откако имаше семејна трагедија.

Останато

Роберто Морено вели дека би му претставувало задоволство да се повлече од селекторската позиција во Шпанија во ситуација доколку Луис Енрике некогаш посака да се врати на таа позиција во иднина.

Енрике се повлече од таа позиција, а како причина за таквата одлука беа наведени лични причини, воедно тој во една прилика им се заблагодари на сите, меѓу кои и медиумите поради тоа што го испочитуваа неговото барање да не се открива повеќе во однос на тоа прашање.

Минатиот четврток неговата девет годишна ќерка Чана почина по неуспешната борба со еден редок облик на рак на коски, а Морено сега упати преубав гест до него, иако го прифати предизвикот да го презеде кормилото на „Црвената фурија“.

Луис го сметам за доста близок пријател, тоа пријателство помеѓу нас е над се останато, доколку еден ден посака да се врати, би ми претставувало задоволство да се повлечам и да работам со него“ посочи Морено во пресрет на квалификациите за Европското првенство, односно претстојните натпревари со Романија и Фарските Острови.

Имавме навистина тешка седмица, ќе се обидеме да играме со задоволство на теренот, тоа е единственото нешто што би можеле да го сториме“ рече Морено во однос на претстојните натпревари на Шпанија.

Како за потсетување, Морено почна како асистент за Енрике во шпанскиот национален состав, пред да го преземе кормилото на таа селекција, иако се договори со куќата на фудбалот во Шпанија, тој инсистира на тоа дека би му го отстапил тоа место на неговиот близок пријател, доколку тој посакува да се врати на таа позиција еден ден.