24фудбал

Ангеловски: Го знаеме Израел, но најважни се моите фудбалери, треба ние да се прашуваме на теренот

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски на прес конференцијата пред мечот со Израел беше оптимистички расположен.

Македонија

Македонија утре со почеток од 20:45 часот му гостува на Израел во квалификациски меч.

„Добро се познаваме со Израел, знаеме дека и во минатите квалификации бевме во иста група. Имавме доволно време да го анализираме противникот, но знаете дека за мене најважни се моите фудбалери. Ќе се обидеме ние да бидеме тие кои се прашуваат на теренот и се надевам дека тоа ќе биде доволно за поволен резултат“, изјави Ангеловски.

Голманот Дејан Илиев се надева дека фудбалерите утре ќе ја израдуваат македонската јавност.

„Дојдовме да се бориме и сигурно нема да се предадеме. Напротив, ќе се обидеме да дадеме максимум од нашите можности да ја израдуваме нашата јавност. Јасно е дека не очекува тежок дуел, но убеден сум дека можеме да се носиме со предизвикот“, вели Илиев.