24фудбал

Пандев неизвесен за мечот со Израел

Селекторот Игор Ангеловски вели дека капитенот Горан Пандев е неизвесен за утрешниот меч со Израел.

Македонија

Македонската фудбалска репрезентација утре му гостува на Израел во квалификациски меч. Селекторот Игор Ангеловски има проблеми и со повредени играчи.

„Ситуацијата со подготвеноста на фудбалерите ќе го одреди почетниот состав. Капитенот Пандев поради хематом на слабината е неизвесен за настап, а ја следиме состојбата и со Адеми кој денеска ќе тренира со екипата, а потоа ќе видиме дали ќе може да настапи“, вели Ангеловски.

Натпреварот меѓу Македонија и Израел се игра утре (четврток), со почеток од 20:45 часот.