24фудбал

Демба Ба до црномурестите фудбалери: Посакувам сите кои играте во Италија да го напуштите тоа првенство

Расизмот не е ништо ново во Италија, ниту пак во останатиот дел од светот, таа негативна појава постојано е дел од фудбалот, битката е голема, меѓутоа остана дилемата какви се досегашните резултати од разните мерки против таа појава.

Италија

Поранешниот напаѓач на Челси, Демба Ба упати јавен повик до сите црномурести фудбалери кои настапуваат во фудбалскиот шампионат на Италија, да го напуштат тоа првенство по последните случувања во поглед на расизмот.

Секако, станува збор за оној немил настан каде Ромелу Лукаку доби расистички навреди од навивачите на Каљари, што повторно доведе до голема дискусија во поглед на битката со расизмот.

Токму тоа е причината зошто одлучив никогаш да не играм таму, иако имав можност за такво нешто во кариерата“ пишува Демба Ба во писмото кое го објави на социјалните мрежи.

Ултрасите на Интер во отворено писмо до Лукаку застанаа во одбрана на навивачите на Каљари

Од таа гледна точка, посакувам сите црномурести фудбалери да го напуштат тоа првенство!“ додава 34 годишниот Сенегалец, кој во својата објава заклучи дека дури и такво сценарио нема да ги спречи италијанските навивачи да продолжат со 'глупостите', како што самиот вели, меѓутоа барем немало да имаат можност да ги навредуваат другите раси.

Демба Ба освен во Челси, настапуваше и во редовите на Бешикташ, Шангаи Шенхуа, Њукасл и Хофенхајм, меѓутоа никогаш не беше дел од италијанскиот фудбалски шампионат.