24фудбал

Македонија има полош меѓусебен скор, но знае како се победува во Израел

Македонија вечерва го игра петтиот квалификациски меч за ЕП 2020, нашата фудбалска селекција му гостува на Израел со почеток од 20:45 часот.

Македонија

По поразите од Полска и Австрија, на македонската фудбалска репрезентација и е потребен триумф, во спротивно далеку ќе биде втората позиција на табелата која носи пласман на Европското првенство.

Македонија има полош меѓусебен скор со Израел, но знае како се победува таму. Имаме четири порази од Израелците, но последниот дуел ни припадна нам. Пред две години ги совладавме со 1-0 во Тел Авив.

Неизвесен е настапот на Горан Пандев кој се мачи со повреда, поголема е веројатноста капитенот да остане на клупата за резерви. Добра вест е што Адеми е подготвен за стартниот тим.

Натпреварот меѓу Израел и Македонија ќе се игра во Бер Шева на модерниот стадион „Јаков Тарнер Тото“ кој има капацитет од 16.000 гледачи.

По четири одиграни кола во квалификациите Македонија е на петтата позиција со четири освоени бода, Израел е втор, но има само три бода повеќе од нас.

Израел е фаворит на хартија, но Македонија има фудбалери кои можат да направат разлика и да донесат триумф.