24фудбал

Експертот Балаге открива детали од преговорите за Нејмар и какви понуди доставиле Барса, Реал и Јувентус

Новинарот Гиљем Балаге, кој работи како фудбалски експерт за случувањата во Шпанија за неколку медиуми од „острвото“ открива детали од преговорите за трансфер на Нејмар и какви понуди доставиле Барселона, Реал Мадрид и Јувентус.

Франција

Бразилецот изрази желба да замине од Париз, со месеци се шпекулираше за неговата иднина, но на крајот не се реализираше никаква зделка и тој остана на Паркот на Принцовите.

Новинарот Гиљем Балаге во колумна за БиБиСи сега открива детали од трансфер сагата и какви понуди доставиле Барселона, Реал Мадрид и Јувентус.

„За Барселона да го ангажира Нејмар беа потребни 215 милиони евра. Клубот од Шпанија ја прифати оваа вредност, но го извести ПСЖ дека ќе мора да бидат вклучени и играчи“ – пишува новинарот, кој работи како фудбалски експерт за случувањата во Шпанија за неколку медиуми од „острвото“

„На 27. август, Барселона достави пишана понуда составена од 115 милиони евра во кеш, 15 милиони евра во бонуси и тројца играчи. ПСЖ одреди дека треба да бидат дефанзивецот Жан Клер Тобидо, фудбалреот од среден ред Иван Ракитиќ (двајцата иако се противеа во прв момент, се сложија да се преселат), плус Осман Дембеле да се пресели на позајмица, но тој јасно кажа „Нон мерси“. Немаше шанси Дембеле да замине во Париз. Во еден миг, посредниците мислеа дека можеби ќе успеат да го предомислат, и играчот разговараше со тренерот Томас Тухел дури во четири наврати, но раководството на ПСЖ во ниту еден момент не покажа права желба да изврши притисок врз Французинот, ниту пак да се обидат да ги договорат личните услови, со што на Барса и стана јасно дека ПСЖ не е премногу заинтересиран за зделка“.

„И покрај тоа преговорите продолжија. ПСЖ имаше одредени забелешки за бонусите, но откако ги договорија и овие детали, побараа сумата да биде 150 милиони евра, а не 130 милиони. Нејмар реагираше по ваквиот развој на настаните, му испрати писмо на клубот и го извести дека е подготвен да ја надополни разликата од 20 милиони евра преку 5 исплати по 4 милиони. Но по само неколку минути доби договор дека Фудбалската федерација на Франција не дозволува играчите да вршат вакви исплати“.

„Во меѓувреме, Реал Мадрид достави понуда од 100 милиони евра плус Герет Бејл, Хамес Родригез и Кејлор Навас. Поради големата плата која ја има Бејл, ПСЖ веднаш се откажа од ваквата идеа, а и Велшанецот немаше намера да оди во Париз. Раководството на ПСЖ имаше чувство дека Реал се обидува да го купи Нејмар за евтина сума, да се ослободи од играчите кои не ги сака, и на навивачите да им го даде она чувство на шаденфројде (сеир) со тоа што ќе го победат лутиот ривал на трасфер пазарот“.

„Шампионот на Италија, Јувентус исто така се приклучи во битката со понуда од 100 милиони евра и услугите на напаѓачот Пауло Дибала, но и овој предлог беше одбиен од ПСЖ“.

Целата колумна можете да ја прочитате ТУКА.