24фудбал

Ангеловски ги отвори картите, ова е почетниот состав на Македонија за пресметката со Израел (ФОТО)

За пресметката со Израел која е од големо значење за нашиот најсилен фудбалски состав, вон комбинација од првата минута е капитенот Пандев, а интересно е тоа што Елмас ќе му прави друштво на Несторовски во нападот.

Македонија

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација вечерва со почеток од 20,45 часот гостува кај Израел во мечот од петтото коло во квалификациите за Европското првенство 2020. година.

Настапот на капитенот Горан Пандев за вечерашната пресметка во Бер Шева беше под знак прашалник поради повреда, а со оглед на фактот што веќе се излезени почетните состави за натпреварот, во составот кој го одреди селекторот Игор Ангеловски не се најде Пандев.

Според графичкиот приказ на сајтот на УЕФА, Ангеловски се реши за формација 3-5-2, а интересно е тоа што во нападот кај нашиот состав освен Несторовски, кој ја презеде капитентската улога, друштво ќе му прави уште и Елмас.


Македонија: Димитриевски; Бејтулаи, Ристевски, Муслиу; Николов; Алиоски, Адеми, Барди, Алиоски; Несторовски и Елмас.

По воведните четири кола, нашите фудбалери освоија четири бода, односно по една победа и реми, како и два порази. Прва во нашата група е Полска со максимални 12 бода, следат Израел со 7, односно Австрија со 6, па Словенија со 5 бода, нашата селекција е претпоследна на табелата во која засега без бодови е Летонија.