24фудбал

Италија со пресврт до победа над Ерменија, два гола на Белоти (ВИДЕО)

„Аѕурите“ под водство на Роберто Манчини се зацврсија на врвот од својата квалификациска група, останува да видиме дали ќе ги следи Финска и ќе го загрози првото место на фаворитот во оваа конкуренција.

Останато

Италија успеа да слави на гостувањето кај Ерменија во рамките на петтото коло од групата „Ј“ во квалификациите за Европското првенство 2020. година, конечниот исход на пресметката гласеше 1-3 за фаворитот, а по првите 45 минути игра резултатот гласеше 1-1.

Први во водство дојдоа домаќините со голот на Карапетјан уште во 11. минута, а асистент во тој погодок на Ерменците беше екс фудбалерот на Вардар, Барсегјан.

Белоти во 28. минута израмни на 1-1 и навести пресврт за Италијанците, кои тоа го реализираа во завршниот дел од мечот кога Пелегрини во 77. минута донесе пресврт од 1-2, а Белоти само три минути подоцна, со својот втор гол ги постави конечните 1-3.

За одбележување е моментот од завршницата во првото полувреме кога домаќините останаа со играч помалку, откако стрелецот на водечкиот гол Карапетјан најпрво во 27. минута доби жолт картон, за веќе во 45. минута по вториот и да биде исклучен.