24фудбал

Рамос со нов гол и специјална прослава, судијата мислеше дека е навреда а еве за кого е посветата (ФОТО)

Серхио Рамос ја затресе мрежата на Романија од пенал, имаше специјална прослава поради која влезе во бележникот на судијата за навреда и покрај тоа што сакаше да направи само убав гест.

ЕВРО 2020

Шпанија славеше со 2-1 на гостувањето кај Романија, а првиот гол беше дело на Серхио Рамос, кој одново беше прецизен од белата точка.

Дефанзивецот за оваа прилика имаше подготвено специјална прослава, направи гест со кој покажа дека носи очила, а судијата Денис Ајтекин процени дека ова е навреда. Залудни беа обидите на Серхио Рамос да му објасни за што станува збор, и капитенот на „црвената фурија“ си доби жолт картон.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, голот и специјалната прослава всушност биле наменети за внукот на Серхио Рамос. Малото момче имало проблеми со видот и треба да носи очила но ги одбива советите на лекарите.

Во намерата да го убеди својот внук да носи очила, Серхио Рамос му ветил дека следниот гол ќе му го посвети нему и токму тоа вечерва го стори. Со оглед на тоа дека дефанзивецот не поцрвене до крајот на натпреварот, а Шпанија си замина со победа и три бода, фудбалерот на Реал Мадрид сигурно брзо ќе заборави на картонот.