24фудбал

Спировски потпишал на две години со Хапоел Тел Авив за плата од 150.000 евра по сезона

Медиумите од Израел пренесуваат дека Стефан Спировски утрово ги поминал редовните лекарски прегледи и со раководството на Хапоел Тел Авив си подал рака за двегодишен договор.

Македонија

Стефан Спировски става крај на авантурата во Ференцварош и кариерата ќе ја продолжи во Израел, репрезентативецот на Македонија од денеска е нов член на Хапоел Тел Авив.

Како што пренесуваат медиумите од Израел, фудбалерот од средниот ред утрово ги поминал редовните лекарски прегледи и со раководството на клубот си подал рака за двегодишен договор.

Одредени извештаи велат дека Стефан Спировски ќе заработува 150.000 евра по сезона плус бонуси, но има и стории кои велат дека неговата плата ќе биде 160,000 евра, а тој добил и премија од 20.000 евра за потпис на документите.