24фудбал

Клоп раскажа за лудата прослава на титулата со Дортмунд во 2011 и како завршил во автомобил полн со кокошки

Јирген Клоп ја раскажа веројатно најлудата авантура од неговата тренерска кариера, Германецот не се сеќава на неколку часа од прославата на титулата со Борусија Дортмунд во 2011 откако претерал со алкохолот.

Германија

Во сезоната 2010/11, „милионерите“ со офанзивен и убав за око фудбал стигнаа до насловот шампион на Германија пред Баер Леверкузен и Баерн Минхен, па во Дортмунд имаше големо славје.

За Јирген Клоп тоа беше првиот голем успех како тренер, па стратегот малку претерел со алкохолот. Во документарен филм за Амазон, тој сега откри дека има многу дупки во памтењето од таа вечер и раскажа како завршил во автомобил полн со кокошки.

„Бев навистина пијан, сигурно луѓето го забележале тоа на интервјуата кои ги давав. Не паметам одредени работи, но се сеќавам на едно нешто. Не сум сигурен дали ова го имам кажано до сега, но се разбудив во камион во една гаража. Бев сам, на тоа се сеќавам, но немам поим што се случувало во часовите пред тоа“ – вели Јирген Клоп.

„Излегов и се најдов во една голема фабричка хала. Потоа пешачев до дворот и надвор видов силуета од човек. И бидејќи знам да свирам силно, му свирнав. Потоа забележав како силуетата се приближува. Почекав и го видов Аки Вацке (Ханс Јоаким Вацке, генералниот извршен директор на Борусија Дортмунд). Јас и Аки бевме единствените луѓе во овој огромен двор“.

Двајцата потоа тргнале пеш, и по десетина минути одење поминал автомобил.

„Аки скокна на патот и застана еден стар Мерцедес. Беше еден фин Турчин и го замоливме да не однесе до центарот на градот. Тој ни кажа дека нема шанси да вози до таму. Па Аки бркна во џебот, извади 200 евра и му рече, „Да, ќе не возиш“. Кога ги виде парите само рече „ОК“. Аки седна напред, јас позади. Од што бев уморен, главата постојано ми удираше во страната. Едно време почнав да слушам, ква, ква, ква“. Во прв момент помислив дека сонувам, но воопшто не беше така, багажникот беше полн со кокошки“.

Ханс Јоакин Вацке се надоврза на ова и додаде: „Немаше само кокошки во комбето, имаше и три заклани јагниња и мирисаше навистина лошо. И беше Форд Транзит а не Мерцедес, јас бев малку потрезен од тебе и го приметив ова“.

Јирген Клоп потоа продолжи: „Кога стигнавме до градот, голем број од улиците беа затворени, но на секоја блокада Аки само ќе ја извадеша главата надвор и веднаш не пуштаа“.

Можеме само да замислиме што ќе прави Јирген Клоп како со Ливерпул стане шампион, „црвните“ 30 години ја чекаат титулата од Премиерлигата.