24фудбал

Паника за време на летот на Босанците, пилотот тврди дека избегната била катастрофа

Во тек е интернационалната пауза каде се играат натпреварите во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство 2020. година, а од таму ни пристигнуваат загрижувачки вести каде е избегната катастрофа.

Останато

Селекцијата на Босна и Херцеговина славеше убедливо со 5-0 над Лихтенштајн пред своја публика во петтото коло, а веќе во недела гостува кај Ерменија, меѓутоа нивниот лет кон таа земја остави веројатно големи трауми кај репрезентативците и сите оние кои биле во авионот.

Два часа по летот, откако босанската експедиција се најде над турски Истанбул, пилотот нагло сврте во лево, а тоа донесе паника во авионот“ пишува „Аваз“ за драмата.

Играчите и навивачите, кои до тогаш стоеја, веднаш почнаа да скокаат на своите места, остатокот од летот беше мирен, додека слетувањето во Ереван беа следени од турбиленции поради силниот ветер“ додава босанскиот медиум кој притоа разговараше и со пилотот на авионот, кој сведочи дека била избегната голема катастрофа.

Секунда, можеби еден степен недостасуваше авионот да се сруши. Тоа одговорно го тврдам бидејќи имам повеќе од 600 часа како пилот. Во однос на овој инцидент ќе ја известам Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ. Никој не смее да си игра со животот на луѓето, можете тоа слободно да го напишете“ сведочи пилотот во својата изјава, меѓутоа неговиот идентитет не беше откриен за јавноста.

 

Извор: avaz.ba