24фудбал

Првиот човек на Примера: Би сакал Роналдо да се врати...

Претседателот на Ла Лига не крие дека посакува португалската ѕвезда да се врати во тој шампионат, истото го мисли и за Жозе Мурињо, за кого додава дека би можел во голема мера да го промовира шампионатот.

Шпанија

Претседателот на шпанскиот фудбалски шампионат, Хавиер Тебас признава дека би сакал Кристијано Роналдо да се врати во Шпанија, исто така, тој не крие дека истото го посакува и за Жозе Мурињо.

Големата бројка на погодоци зад името на португалската ѕвезда за Реал Мадрид, како и ривалството со првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, го разви во голема мера профилот на Ла Лига, пред сеод маркетингшки аспект.

Мислев дека неговото заминување ќе боли повеќе од ова, но преферирам лига со ЦР7 отколку без еден помалку“ изјави Тебас за „Канал 11“.

Би сакал повторно да се врати во Шпанија, истото го посакувам и за Жозе Мурињо, да се врати тука и да предводи тим од лигата, тој е одличен тренер и големо име кое може во голема мера да го промовира овој шампионат“ заклучи Тебас.