24фудбал

Нејмар по три месеци се врати со асистенција и гол, па се заби во рекламно пано и ја искрши главата (ВИДЕО)

Бразил и Колумбија одиграа 2-2 во Мајами, Нејмар по три месеси се врати со асистенција и гол и спречи пораз на „кариоките“.

Останато

Нејмар имаше интересен кам-бек на терените по повредата и летото полно со шпекулации за неговата иднина. Напаѓачот одигра 90 минути, запиша асистенција и гол, но не доби пенал кога во финишот од мечот се заби во реклманото пано по еден старт на противнички дефанзивец.

Бразил поведе во Мајами во 19. минута. Нејмар нафрли од корнер а Касемиро скокна највиско и донесе 1-0.

Сепак, Колумбија брзо го сврте резултатот во своја корист. Муриел најпрво од пенал изедначи на 1-1, а потоа истиот играч во 34. минута погоди за пресврт и 1-2.

На стартот од вториот дел, Нејмар изедначи на 2-2 по една одлична акција во која Кутињо испрати прецизна долга топка до Алвеш, а десниот бек само спушти на пет метри за фудбалерот на ПСЖ.

Во 74. минута од мечот Бразил бараше пенал откако еден дефанзивец на Колумбија го заби Нејмар во рекламното пано, кој убаво тресна со главата. И покрај протестите, судијата реши да не го санкционира стартот иако имаше доста елементи за најстрога казна.