24фудбал

Венгер направи споредба помеѓу Меси и Салах: Тој мора да научи едно нешто...

Салах има една голема мана во играњето, Венгер тврди дека Египјанецот ќе се развива на тоа поле од ден во ден, тој направи споредба помеѓу Салах и Меси, наведе дека обајцата имаат многу сличности.

Останато

Поранешниот долгогодишен тренер на Арсенал, Арсен Венгер верува дека првата ѕвезда на европскиот првак Ливерпул, Мохамед Салах има сличности со ѕездата на Барселона, Лионел Меси.

Францускиот фудбалски стратег нема дилеми во квалитетите кои ги поседува Салах, меѓутоа верува дека тој мора да стане многу конзистентен со финиширањето.

Венгер исто така смета дека Салах е премногу опседнат со постигнување на погодоци, меѓутоа упати поддршка до него за да ја подобри онаа одлука во мечот против Барнли кога Египјанецот беше себичен и го налути својот соиграч Садио Мане кој беше во позиција да постигне гол.

Салах има многу сличности со Меси, тој мора да ја пронајде конзистентноста која ја поседува Меси“ вели Венгер во изјавата за „Беин Спортс“.

Гледам дека тој е добар во финиширањето, но Меси го поседува комплетното нешто, тој исто така и асистира во завршницата од акциите“ додаде Венгер.

Салах е помалку опседнат со тоа да ја заврши акцијата сам, тоа е димензија која ќе ја развива постојано, како што се развива како особа и како старее, тој ќе мора да го пронајде моментот кога треба да се додаде топката, а кога да завршиш сам, меѓутоа, мене ми се допаѓа Салах, многу, има огромен потенцијал, Мане исто така“ заклучи Венгер.