24фудбал

Ето стави крај на својата кариерата

Самуел Ето објави крај на својата професионална кариера во фудбалот, Камерунецот тоа го стори на своја 38 годишна возраст, последен клуб во кој настапуваше е Катар.

Останато

Поранешниот напаѓач на Барселона, Челси и Интер се повлече од активното играње фудбал, тој беше еден од најдобрите на својата позиција во светот на фудбалот.

После цели 22 години минати во фудбалската игра, Камерунецот ја претставуваше својата земја на четири Светски првенства, постигнувајќи 56 погодоци на 118 настапи во дресот на својот национален тим.

Ето стана најдобриот стрелец на Камерун на сите времиња, со истиот статус се здоби и на Африканскиот куп на нации, а четири пати ја освои наградата за најдобар играч на годината за Африка, постигнување кое го дели заедно со поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Јаја Туре.

Ова е крајот, време е за нови предизвици, ви благодарам на сите, ви испраќам голема љубов“ напиша Камерунецот на социјалните мрежи.


По успешната приказна со Мајорка, Ето доби повик што не се одбива од Барселона во 2004. година, тим со кој освои две титули во Лигата на шампионите, четири титули во Примера, две титули во Суперкупот на Шпанија, како и една во Копа дел Реј.