24фудбал

Младата ѕвезда на Барса одлучи: Сакам да играм за Шпанија

Барселона има иднина во Ансу Фати во кого многумина гледаат голема перспектива, тој веќе има важечки договор со Каталонците до 2022. година, а дополнително истиот нуди опција за уште две години.

Шпанија

Сите го посакуваат Ансу Фати, тоа не е изненадување за 16 годишниот фудбалер со потекло од Гвинеја, кој истовремено поседува и шпански пасош, тој со својата возраст стана најмладиот фудбалер на Каталонците кој забележал настап за сениорскиот состав.

Во периодот кога бил во младинскиот погон на Севилја, добил понуда со многу подобри услови од Реал Мадрид, наспроти онаа од Барселона, меѓутоа Каталонците биле поупорни и презентирале конкретни планови за него, сведочеше таткото на фудбалерот, Бори Фати, во едно интервју.

Сега „Спорт“ пишува за една доста интересна тема која кружи низ Фати, тоа е националниот тим кој тој би го одбрал, а се чини дека повеќе нема дилеми по тоа прашање, откако самиот потврди дека ја донел конечната одлука.

Сакам да играм за Шпанија“ рече Ансу кој веројатно нема никакви дилеми по тоа прашање,меѓутоа следат одредени административни процеси кои мораат да бидат завршени, првично тоа се однесува на добивање шпанско државјанство, пишува „Спорт“, а од куќата на фудбалот во Шпанија наводно веќе работат со полна пареа за забрзување на тој процес.

Од 26. октомври до 17. ноември годинава се одржува Светското првенство за фудбалери до 17 годишна возраст, истото ќе се одржи во Бразил, а Шпанија силно посакува во својот состав да го има Ансу Фати.

Иако Ансу ја донесе одлуката, се шпекулира дека во Португалија не се откажуваат од мисијата да го убедат да игра за нивниот национален состав, се верува дека Ансу веќе има поднесено барање за португалски пасош преку својата родна земја Гвинеја, па останува отворено прашањето како ќе течат административните постапки во иднина во поглед по ова прашање.