24фудбал

Елмас се повреди, нема да игра против Летонија!

Голем проблем за Македонија пред квалификацискиот натпревар против Летонија, Елиф Елмас се повреди на тренинг и нема да настапи утре.

Македонија

Елмас се повредил на тренинг при дуел со Илиев. Има оток на зглобот, а повеќе информации за тежината на повредата се очекуваат по деталните прегледи.

„Елмас доби удар во еден дуел со Илиев, сега е на дополнителни прегледи“, изјави селекторот Ангеловски.

Натпреварот меѓу Летонија и Македонија се игра утре (понеделник) од 20:45 часот.