24фудбал

Барселона подготвува нов договор за Меси, Аргентинецот до крајот на кариерата на „Камп Ноу“

Меси се уште е мотивиран да игра на врвно ниво и покрај фактот што освои се’ што е можно да се освои на клупско и лично ниво, веројатно постои желба кај него за некој успех на репрезентативен план со Аргентина, тоа би можел да го стори во Катар на свои 35 години.

Шпанија

Барселона се подготвува за нов договор за својата прва ѕвезда во тимот, Лионел Меси, со што би значело дека Аргентинецот би можел до крајот на својата кариера да остане на „Камп Ноу“, ако се остварат најавите.

Иако важечкиот и актуелен договор на Меси со Каталонците има уште две години, сепак, во Барселона се убедени дека 32 годишниот фудбалер се уште може да игра на врвно ниво до Светското првенство во 2022. година.

„Мундо Депортиво“ пишувајќи на оваа тема, потенцира дека по овој договор, доколку истиот се реализира, би го натерал Меси да остане во Барселона дури и откако ќе стави крај на својата кариера.

Според информациите, не постои брзање во поглед на оваа тема, иако претседателот на Каталонците, Жозеп Мариа Бартомеу е во постојан контакт со таткото на Меси, Хорхе.