24фудбал

Повредата на Елмас не е сериозна, може да биде во комбинација за мечот со Летонија

Елиф Елмас вели дека е подобар и се надева дека ќе може да игра против Летонија.

Македонија

Утринава излезе информацијата од Рига дека Елиф Елмас се повредил при еден дуел со Илиев на тренинг и нема да игра против Летонија.

Но Елиф вели дека сега е подобар и се надева дека ќе биде во комбинација за настап.

„Ви благодарам на поддршката и гриѓата за моето здравје. Заработив повреда на денешниот тренинг, но подобар сум. Се надевам дека ќе бидам во комбинација за настап“, вели Елмас.

„Како спортисти секогаш се бориме за успех и победа на нашата држава, даваме се од себе и на тој начин ќе продолжиме“.

„Поддржете ја оваа Македонија на вистински начин, без навреди или омаловажувања“.