24фудбал

Матиќ го чекаше Роналдо пред Маракана, ЦР7 дојде за да го израдува синот на Србинот и негово другарче (ВИДЕО)

Немања Матиќ по синоќешниот пораз на Србија од Португалија во Белград мораше да остане да го чека Кристијано Роналдо пред Маракана за ЦР7 да се поздрави и фотографира со неговиот син.

ЕВРО 2020

Србија и Португалија синоќа одиграа возбудлив натпревар со дури шест погодоци. Актуелниот европски шампион ја освои Маракана и си замина со три бода од Белград.

Поразот е болен, но Немања Матиќ имаше дополнителна обврска по мечот и пред Маракана го чекаше Кристијано Роналдо. Неговиот син Филип е голем фан на ЦР7, па Португалецот излезе за да се поздрави и да се фотографира. Желбата за средба со ѕвездата на Јувентус му се исполни на уште едно мало момче, се верува дека се работи за другарче на синот на Немања Матиќ.