24фудбал

Тјаго Силва: Нејмар знае дека направи грешки...

Искусниот бразилски дефанзивец од редовите на ПСЖ смета дека неговиот соиграч и сонародник е свесен за грешките кои ги стори, алудирајќи на тоа што не криеше дека сака да си замине од Париз.

Франција

Тјаго Силва го поддржа својот сонародник Нејмар да има одлична сезона во редовите на ПСЖ, и покрај тоа што подолг период за него се поврзуваат разни шпекулации околу иднината, меѓу кои дека и наводно не е среќен во француската престолнина.

Искусниот 34 годишен бразилски дефанзивец, во микс зоната по ремито со Колумбија од 2-2, говореше за својот сонародник, за кого посочи дека е мошне свесен за грешките кои ги сторил во текот на веќе изминатиот летен преоден рок, по неуспешните обиди да се врати во Барселона од каде пред две години за рекордни 222 милиони евра направи трансфер во ПСЖ.

Тој знае дека направи грешки, меѓутоа немаше лоши намери, ова момче е неверојатно, се надевам дека ќе има одлична сезона, ќе биде незаборавно бидејќи ПСЖ воедно ќе прослави и 50 години“ рече Силва.

Силва воедно тврди дека шефот на стручниот штаб на ПСЖ, Томас Тухел смета на Нејмар за да направи голем импакт оваа сезона.

Тухел секогаш наведувал дека смета на Нејмар, тој беше подготвен и да игра на последниот меч со Мец, меѓутоа, поради ситуацијата на трансфер пазарот, тој не играше, меѓутоа, тренерот ќе смета на него, тоа е најважно, менаџментот на клубот исто така верува во него, а доколку не би било така, би се ослободиле од него“ заклучи Силва.