24фудбал

По Барселона, Меси би можел да се пресели во МЛС

Извесно е дека до јануарскиот преоден рок многу работи околу иднината на аргентинската фудбалска ѕвезда ќе бидат познати, не се исклучува можноста тој до крајот на својата кариера да остане на „Камп Ноу“, нешто што веќе најавија дел од шпанските медиуми кои наведоа дека Барселона подготвува нов договор за Меси.

Шпанија

Иднината на Лионел Меси е доста интересна за повеќето медиуми, познато е дека тој има клаузула во договорот со Барселона која му овозможува на Аргентинецот да си замине по крајот на било која сезона, а тоа би можел да го стори и на својот 32 роденден.

Иако има таква клаузула, според сознанијата на одредени медиуми, се додава дека истата важи за клубови вон Европа, па така се наведува дека МЛС е интересна опција која аргентинската ѕвезда би ја разгледал веднаш штом заврши со обврските кон Барселона, а во еден таков случај тој би ги следел стапките на Златан Ибрахимовиќ, Дејвид Бекам, Давид Виља и останатите ѕвезди кои го сторија тоа претходно.

Не е прв пат Меси да се поврзува со преселба во Соединетите Американски Држави, а покрај овие шпекулации, постои и таква која вели дека Меси се уште не го кажал последниот збор во Барселона, па нема да зачуди доколку тој стави потпис на нов договор со тимот од „Камп Ноу“, нешто што веќе пристигна како најава од Шпанија.