24фудбал

Лаутаро го пофали Лукаку, а додаде дека е изненаден од едно нешто од Белгиецот

Аргентинецот јавно упати пофалби до својот колега во нападот на „Нероаѕурите“ за брзата адаптација во новиот тим, меѓутоа додаде дека е воедно и изненаден од едно нешто од Белгиецот.

Италија

Лаутаро Мартинез не крие дека неговиот нов соиграч во нападот на Интер, Ромелу Лукаку посебно го изненадил поради својата големина на физички план, тој воедно упати пофалби на сметка на Белгиецот кој според него има неверојатни карактеристики.

Лукаку брзо се адаптираше на играта во Интер под кормилото на Антонио Конте, постигнувајќи два гола во исто толку натпревари во воведната фаза од новата сезона во Серија А.

Тој веднаш се адаптираше на играта која ја применува тренерот, како и се вклопи брзо во неговите идеи, истовремено Лукаку брзо се адаптираше и на стилот на игра кој го негува тимот“ изјави Лаутаро.

Тој е напаѓач со неверојатни карактеристики, премногу моќен, лично бев изненаден од неговата големина“ додаде Аргентинецот кој на два меча досега во Серија А запиша и еден погодок.