24фудбал

Ангеловски со промени во нападот: Почетниот состав на Македонија за пресметката со Летонија (ФОТО)

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација вечерва има можност да дојде до втора победа во квалификациите за Европското првенство 2020. година, гостува кај Летонија во Рига.

Македонија

Втората победа во квалификациите е можна, вечерва играме против аутсајдерот во нашата група кој досега нема ниту еден освоен бод од петте одиграни натпревари, станува збор за селекција против која избраниците на Ангеловски досега ја забележаа единствената победа во овој циклус, и тоа со 3-1 на домашен терен.

Македонија има квалитет, а поседува и самодоверба во својот состав по ремито кај Израел во претходното коло, реми кое можеше да биде и победа, но, нашата страна е задоволна од исходот, па така борбата за повисок пласман во групата продолжува со вечерашната пресметка предвидена да се одигра со почеток од 20,45 часот.

Веќе се познати и почетните состави за вечерашната пресметка, па така селекторот Игор Ангеловски се реши за формациска поставеност од 4-2-3-1, најистурен во нападот ќе биде Тричковски, веднаш зад него ќе играат Елмас, Пандев и Трајковски.

Несторовски кој од поодамна е прв избор во нападот ќе почне од клупата за резервни фудбалери, сепак, одличната форма на Тричковски му донесе и место во почетните 11 за мечот во Рига.

Од првата минута ќе почнат и Пандев и Елмас кои беа неизвесни, едниот не беше целосно подготвен за претходниот меч кај Израел, а Елмас се здоби со повреда за време на тренинг.


МакедонијаДимитриевски, Бејтулаи, Адеми, Муслиу, Тричковски, Алиоски, Трајковски, Пандев, Велкоски, Барди и Елмас.

Во моментов на табелата во групата „Г“, прва е Полска со 12 бода, следат Австрија 9, Словенија 8, Израел 8, Македонија 5, односно Летонија 0.