24фудбал

Агентот на Даглас Коста: Интересот од Манчестер јунајтед беше голем, но...

Бразилскиот офанзивец повторно беше на радарот на Манчестер јунајтед, тоа се случи и ова лето, меѓутоа агентот на фудбалерот на „Старата дама“ смета дека Сари блокирал било каква можност за негов трансфер, односно заминување од Торино.

Италија

Манчестер јунајтед правел силни обиди за да го ангажира Даглас Коста во своите редови, меѓутоа, шефот на стручниот штаб на Јувентус, Маурицио Сари одбил да го продаде Бразилецот ова лето, барем според зборовите на агентот на фудбалерот.

Коста се соочуваше со проблеми околу повредите ланската сезона, ограничен беше бројот на настапи зад неговото име, а Манчестер јунајтед имаше нескриена желба да го засили офанзивниот ред со него.

Како и да е, Сари, кој во Торино се пресели ова лето од Челси, наследувајќи го Масимилијано Алегри, блокирал било каква можност за Бразилецот да си замине од редовите на „Старата дама“.

Интересот од Манчестер јунајтед беше голем, тоа е клуб кој секогаш беше заинтересиран за него“ вели Џовани Бранчини во ексклузивната изјава за „Спортсмејл“.

Сметам дека Алегри и Сари беа одлучни во намерата да го задржат во својот тим и никогаш да не го пуштат да си замине, меѓутоа, Манчестер јунајтед не е единствениот клуб кој го посакуваше Даглас, сепак, во Англија несомнено беше најактивниот тим во поглед на Даглас“ додаде тој.