24фудбал

Интер под будно око ќе ја следи ситуацијата со Геце

27 годишниот Германец идното лето ќе биде слободен играч на трансфер пазарот, дел од германските медиуми наведуваат дека преговорите со Борусија Дортмунд за продолжување на соработката не одат според планот, самиот фудбалер изразил желба да си замине од Бундеслигата.

Италија

Интер под будно око ќе ја следи ситуацијата со фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марио Геце кој влезе во завршната година од својот актуелен договор со германскиот бундеслигаш, а се наведува дека преговорите за продолжување на соработката не оди според планот.

„Велт“ пренесе дека преговорите помеѓу Борусија Дортмунд и Геце не одат во посакувана насока, а наводно самиот фудбалер имал нескриена желба да си замине од Бундеслигата по крајот на оваа сезона, што веќе го вклучи алармот во Интер.

„Газета дело Спорт“ веќе пренесе дека „Нероаѕурите“ оствариле првичен контакт со „Милионерите“ околу можноста за трансфер во веќе изминатиот летен преоден рок, а сигурно дека ќе следат нови обиди на Интер во јануарскиот преоден рок.