24фудбал

Средбата со „иконата на корупцијата во спортот“ за Алекс Морган нема да биде драматична, тврди Американката

Гала церемонијата во Милано ќе се одржи на 23. септември, а сигурно дека медиумите посебен акцент ќе стават на средбата помеѓу Алекс Морган и Кристијано Роналдо, постои добра причина за тоа, меѓутоа Американката тврди дека сето тоа ќе биде нормално, но, ништо драматично.

Останато

Американката Алекс Морган е номинирана за наградата „Д Бест“ во женска конкуренција, а таа ќе присуствува на гала вечерта во Милано, каде исто така присуство ќе има и ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо во машка конкуренција.

Морган имаше свој коментар за случајот со силување за што имаше обвинение кон Роналдо, меѓутоа имаше поделени мислења за тој нејзин коментар на социјалните мрежи.

Е, ова е одлично новинарство“ напиша таа објавувајќи вест за Роналдо под наслов „Роналдо е икона на корупцијата во спортот“, откако беше повлечено обвинението на Португалецот во САД за силување. Сепак, во тие моменти по објавата на овој нејзин коментар, јавноста беше поделена околу значењето на нејзината објава, некои сметаа дека е саркастична и упатува директна поддршка до Роналдо, други пак дека со ова таа го обвинува. 


Сето тоа се случи во периодот кога медиумите беа фокусирани на случајот со Португалецот, а говорејќи за „Спортс Илустрејтед“, Морган се произнесе на таа тема.

Кога ќе ја погледнете таа приказна, мислам дека постојат многу докази кои можат да се приберат, исто така сметам дека на крајот од денот парите секогаш помагаат да се бутнат сториите“ вели таа.

Обвиненијата беа повлечени, а тој ќе може слободно да игра фудбал, а тој не е единствената особа на која му се случува тоа, но, тој е еден од неколкуте, ако не и најпознатиот фудбалер во светот во моментов“ додаде Американката која посочи дека и натаму ќе ги поддржува жените кои се наоѓаат во заплашувачки ситуации.

Мислам дека е важно да се продолжи кон поддршката до жените кои се во ранливи и заплашувачки ситуации каде тие немаат премногу поддршка“ вели Морган која сепак потенцираше дека тоа што Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во светот, нема никаква поврзаност со тој случај.

Сево ова што го мислам за тој случај не наведува дека не мислам дека е еден од најдобрите фудбалери на светот, меѓутоа тоа нема никаква поврзанос, тоа што тој го прави во својата работа нема никаква поврзаност со тоа каква особа е на приватен план“ посочи Алекс Морган.

Американката инсистира на тоа дека средбата со Роналдо во Милано нема да биде незгодна како што очекуваат многумина.

Нема да му пријдам поинаку во однос на начинот на кој би им пришла на останатите кои би ги сретнала таму“ заклучи Морган.