24фудбал

Рамос застана во одбрана на „голферот“ Бејл: Слободни сме да правиме што сакаме во слободното време

Бејл најголемите критики веројатно ги доби за време на претсезонските подготовки на Реал Мадрид, на кои тој не учествуваше, а беше „уловен“ од медиумите како игра голф, неговото омилено хоби, сепак, Рамос застана во негова одбрана.

Шпанија

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос говорејќи за својот „документарец“, се осврна и на прашањето околу неговиот соиграч од редовите на „Кралевите“, Герет Бејл, кој многумина го гледаат како „вишок“ во тимот на Зинедин Зидан.

Велшанецот за момент се здоби со прекарот „Голферот“, а постојано добива и критики поради тоа што го нема усовршено шпанскиот јазик, што се однесува пак до играњето голф, тој беше критикуван поради тоа што не бил фокусиран на обврските кон Реал Мадрид, но Рамос не се согласува со тие критики.

Мислам дека Бејл е одличен фудбалер, тој беше во голема мера важен во клубот во годините додека е со нас. Можете да сретнете секаква вест за него низ одредени медиуми, некои се точни, некои не. Ние живееме во овој свет и мораме да се справиме со тоа“ изјави Рамос.

Медиумите го фатија: Бејл си играше голф додека Реал Мадрид губеше во Минхен (ФОТО)

Во однос на сешто беше шпекулирано за Бејл, мислам дека времето става сена свое место. Без разлика на тоа што прави секој фудбалер во својот личен живот, мислам дека тоа треба да се почитува а дури не треба ниту да се зборува за тоа. Ние сме слободни да правиме што сакаме во нашето слободно време“ додаде Рамос.