24фудбал

Ацо Стојков потпиша за Осогово, големо засилување за тимот од Кочани

Поранешниот македонски репрезентативец, Ацо Стојков стави потпис на договор со Осогово.

Македонија

Ацо Стојков кој беше во потрага по нов клуб, го засили Осогово. Тој треба да главниот фудбалер на кочанскиот тим за остварување на целта, да се остане во втората фудбалска лига.

По трите порази на стартот на сезоната, раководството на Осогово мораше да реагира и донесе играч кој треба да го внесе потребното искуство во тимот кое недостасуваше.

Следниот натпревар на Осогово е во недела кога му гостуваат на Кит-Го во Пехчево.