24фудбал

Саутгејт ќе менува за мечот против Косово, шанса за Санчо

Селекторот на „Гордиот Албион“ ќе направи промени во тимот за вечерашната пресметка против Косово предвидена да се одигра на „Сент Мери“, освен во нападот, промени ќе има и во одбраната.

Останато

Герет Саутгејт ќе му укаже прилика на тинејџерската сензација од редовите на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо за вечерашната пресметка против Косово во рамките на шестото коло од квалификациите за Европското првенство 2020. година.

„Дејли Мејл“ пишува дека Маркус Рашфорд ќе биде фудбалерот кој ќе биде „жртва“ во промените на Саутгејт, а токму фудбалерот на Манчестер јунајтед ќе треба да му го отстапи местото на својот сонародник.

Рашфорд стартуваше на пресметката со Бугарија која „Гордиот Албион“ ја доби убедливо со 4-0, иако беше дел од триото во нападот покрај Кејн кој постигна хет-трик, и Стерлинг кој реализираше еден гол, тој не успеа да се запише во листата на стрелците.

Очекувањата на Островот се освен во нападот, Саутгејт да направи промени и во дефанзивната линија, па така на местото на Кјеран Трипие и Дени Роуз, да играат Трент Александер-Арнолд и Бен Чилвел.

Англичаните реализираа три максимални победи од досегашните натпревари во својата квалификациска група „А“, Косово е пријатно изненадување овие квалификации, и се наоѓа веднаш зад нив на табелата со осум бода од четири натпревари, следат Чешка 6, Црна Гора 2 и Бугарија 2.