24фудбал

Игли Таре верен на Лацио: Го одбив Милан, ако си заминев ќе направев грешка, одлучи моето срце

Албанецот веќе десет години е на позицијата спортски директор во Лацио, неговото долгогодишно искуство на тоа поле било „магнет“ за Милан, кој веројатно е дека му понудил поголема плата, но тој вели ги одбил „Росонерите“ базирајќи се на одлуката на своето срце, а не парите.

Италија

Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре ужива голема популарност кај навивачите на тимот од Рим, неговата успешна работа на таа позиција донесе голем успех за „Лацијалите“ на тоа поле, а тој бил на мета на ривалот Милан.

По заминувањето на Леонардо, односно неговото враќање во ПСЖ, „Росонерите“ беа во потрага по човек кој ќе го замени Бразилецот на позицијата спортски директор, а тие имаа повеќе имиња на својата листа на желби, меѓу кои и Игли Таре.

Во интервју за „Кориере дело Спорт“, Албанецот говори за понудата од Милан, а воедно ја открива и причината зошто истата ја одбил, го посочи Бобан кој се врати во Милан со функција.

Го знам Звоне (Ѕвонимир Бобан), тој ми беше идол, тој добро ја знае причината. Го познавав како фудбалер, станува збор за примерна личност“ вели Таре во интервјуто каде го наведе Ѕвонимир Бобан, кој ја напушти ФИФА за да добие раководна функција во Милан, поточно стана главен директор во клубот.

Мојата одлука беше избор на срцето, избор од љубов, сфатив дека доколку си заминам од Лацио тоа би било голема грешка, одлучив со моето срце, одлуката не ја базирав на парите“ додаде Албанецот.