24фудбал

Добри вести за навивачите на Барса, Меси се враќа против Валенсија

Повредата е минато за Лео Меси, главната ѕвезда на Барселона ќе настапи против Валенсија.

Шпанија

Барселона немаше најдобар старт на сезоната во Примера, една од причините за лошите игри е и фактот што Лео Меси беше надвор од теренот.

Информациите од Шпанија велат дека тој се враќа, подготвен е за игра и ќе настапи против Валенсија.

„Спорт.ес“ пишува дека се враќа и Луис Суарез, тоа е уште една позитивна вест за фановите на каталонскиот тим.

Барселона по три одиграни кола има само четири освоени бода, во сабота од 21 часот ја пречекува Валенсија.