24фудбал

Кои клубови најмногу трошат и кои фудбалери најмногу заработуваат во Серија А

„Газета дело Спорт“ открива кои клубови имаат најголем буџет за плати и кои фудбалери најмногу заработуваат во Серија А.

Италија

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер во Италија со 31 милиони евра по сезона. Втор е Матијс де Лихт, а трет Ромелу Лукаку.

„Газета дело Спорт“ истражуваше и заклучи дека оваа сезона клубовите од Серија А за плати ќе потрошат 1,36 милијарди евра што е најмногу во историјата на лигата.

Јувентус за плати троши 294 милиони евра годишно, што е повеќе од двојно од вториот, Интер.

Интересно, и покрај историскиот пласман во Лигата на шампионите, Аталанта е дури на 13. место на листата за најголеми трошаџии во Серија А.


Буџет на клубовите во Серија А наменет за плати:


1. Јувентус 294 милиони евра

2. Интер 139 милиони евра

3. Рома 125 милиони евра

4. Милан 115 милиони евра

5. Наполи 103 милиони евра

6. Лацио 72 милиони евра

7. Торино 54 милиони евра

8. Фиорентина 50 милиони евра

9. Каљари 44 милиони евра

10. Болоња 41 милиони евра

11. Џенова 40 милиони евра

12. Сампдорија 36 милиони евра

13. Аталанта 36 милиони евра

14. Сасуоло 35 милиони евра

15. Лече 32 милиони евра

16. Парма 31 милиони евра

17. СПАЛ 30 милиони евра

18. Удинезе 30 милиони евра

19. Бреша 28 милиони евра

20. Верона 25 милиони евра


Топ 20 најплатени фудбалери во Серија А


1. Кристијано Роналдо (Јувентус) 31 милиони евра

2. Матијс де Лихт (Јувентус) 8 + 4 милиони евра

3. Ромелу Лукаку (Интер) 7,5 + 1,5 милиони евра

4. Гонзало Игуаин (Јувентус) 7,5 милиони евра

5. Пауло Дибала (Јувентус) 7,3 милиони евра

6. Адриен Рабио (Јувентус) 7 + 2 милиони евра

7. Арон Ремзи (Јувентус) 7 милиони евра

8. Миралем Пјаниќ (Јувентус) 6,5 милиони евра

9. Даглас Коста (Јувентус) 6 милиони евра

10. Марио Манџукиќ (Јувентус) 6 милиони евра

11. Сами Кедира (Јувентус) 6 милиони евра

12. Џанлуиџи Донарума (Милан) 6 милиони евра

13. Калиду Кулибали (Наполи) 6 милиони евра

14. Леонардо Бонучи (Јувентус) 5,5 милиони евра

15. Един Џеко (Рома) 5 + 1 милиони евра

16. Диего Годин (Интер) 5 + 1 милиони евра

17. Алекс Сандро (Јувентус) 5 милиони евра

18. Емре Џан (Јувентус) 5 милиони евра

19. Алексис Санчез (Интер) 5 милиони евра

20. Лоренцо Инсиње (Наполи) 4,6 милиони евра