24фудбал

Колку заработуваат Пандев, Елмас и Несторовски во Серија А?

„Газета дело Спорт“ денеска ги откри платите на сите фудбалери во Серија А, познато е колку заработуваат и македонските играчи.

Италија

Најплатен македонски фудбалер во Серија А е најмладиот, Елиф Елмас кој заработува 1,5 милиони евра по сезона. Тој има договор со Наполи до 2024 година.

Илија Несторовски е втор најплатен Македонец во Италија. Удинезе на македонскиот напаѓач му дава годишна плата во износ од 600.000 евра. Тој има договор до 2022 година.

Македонскиот капитен, Горан Пандев кој е на залезот на кариерата, во Џенова добива плата 350.000 евра годишно. Договорот му трае до крајот на оваа сезона.