24фудбал

Полицијата бара да не се применува новото правило на ФИФА за дербито на Саут Коуст

Од ова лето во фудбалот се пременуваат неколку нови правила, едно од нив налага играчот кој биде заменет да го напушти теренот на најблиската страна, и поради ова полицијата стравува за инциденти на дерби пресметката помеѓу Портсмут и Саутемптон.

Англија

За две недели во Англија на програмата е третото коло од Лига купот, а во еден од натпреварите се среќаваат Портсмут и Саутемптон. Се работи за локални ривали од јужниот брег, пресметка позната како дерби на Саут Коуст, па полицијата очекува проблеми.

Стравувајќи за безбедноста, полицијата бара да не се применува едно од новите правила кои на сила стапија ова лето, поточно насоките играчот кој ќе биде заменет да го напушти теренот на најблиската страна а не кај клупата со резерви.

Идејата на ова правило е да се спречат обидите за трошење на време при заменетите, но полицијата очекува жешка атмосфера на Фратон Парк и стравува дека играчите би можеле да бидат доведени во опасност.