24фудбал

Рекордна победа на Македонија У21, седум пати ја тресеа мрежата на Фарски Острови, хет-трик на Митровски

Македонските надежи моќно ги почнаа квалификациите за Европското првенство 2021 година, Македонија ја победи селекцијата на Фарските Острови со 7-1.

Македонија

Македонската фудбалска селекција до 21 година остварија рекордна победа во едни квалификации за оваа генерација победувајќи ги Фарските Острови со 7-1.

Главен во победата беше Димитар Митровски кој постигна хет-трик, имаше и асистенција. 

Фарските Острови го отворија резултатот со гол од пенал на Андреасен во 19. минута а после следуваше потоп за нив.

По асистенција на Чурлинов во 26. минута Митровски изедначи на 1-1, а шест минути подоцна самиот Чурлинов даде гол за пресврт и водство на Македонија.

Во судиското прдолжение од првиот дел Митровски го постигна својот втор гол за водство на Македонија од 3-1, веќе беше јасно кој ќе биде победникот.

По 15. минути игра во вториот дел Даци зголеми на 4-1, а брзо потоа Личина се запиша во листата на стрелците за 5-1.

Во финишот од мечот нововлезениот Трпановски направи две асистенции, прво до Митровски за негов хет-трик, а потоа до Чурлинов за конечни 7-1 и рекорден триумф.

Ова беше прв меч во квалификациите за Македонија, покрај нас и Фарските Острови во групата се уште и Шпанија, Израел, Црна Гора и Казакстан. 

На Европското првенство се пласираат сите први селекции од девете групи и шест најдобро второпласирани.