24фудбал

Косово даде три гола на Сент Мери но си оди со пораз од Англија (ВИДЕО)

Косово и даде три гола на Англија, но прими пет и тоа сите во првото полувреме, Англичаните со 5-3 го добија супер ефикасниот меч од квалификациите за ЕП 2020.

Англија

Англија и Косово го одиграа најинтересниот натпревар во денешните дуели од квалификациите. 

Косово поведе уште во првата минута преку Бериша, но само како да ги наулти Англичаните кои до крајот на првиот дел дадоа пет голови. Стерлинг постигна еден, еден даде и Кејн, два гола беа дело на Санчо, а еден автогол на Војвода.

Во вториот дел Бериша и Мурики погодија за Косово за пристоен пораз од 5-3. Победата на Англија можеше да биде и повисока но Кејн промаши пенал.

Португалија со 5-1 победи на гостувањето кај Литванија, а дури четири гола постигна Кристијано Роналдо. Еден беше дело на Карваљо. Откако ја затресе мрежата на Литванија, Роналдо на вкупно 40 држави им има дадено гол.

Србија со 3-1 победи кај Луксембург, два гола даде Митровиќ, еден Радоњиќ.

Франција со 3-0 ја победи Андора. Коман, Ленгле и Бен Једер ги дадоа головите. Гризман промаши пенал.

Чешка со победа од 3-0 се враќа од гостувањето кај Црна Гора, Албанија со 4-2 го совлада Исланд, а Турција со 4-0 ја победи Молдавија на нејзин терен.