24фудбал

Аргентина убедлива против Мексико, Бразил загуби од Перу (ВИДЕО)

Аргентина со 4-0 го победи Мексико, Лаутаро Мартинез постигна хет-трик, Бразил загуби со 1-0 од Перу.

Јужна Америка

Аргентина конечно дојде до убедлив триумф, во пријателски меч му даде дури четири гола на Мексико. Сите беа постигнати во првото полувреме.

Главна ѕвезда беше напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез кој постигна хет-трик, еден гол даде Паредес.


Перу го изненади Бразил победувајќи го со 1-0 благодарение на гол на Абрам на пет минути до крајот на мечот.

За Бразилците играа речиси сите ѕвезди како Нејмар, Кутињо, Фабињо, Фирмино... но ниту еден од нив не успеа да се запише во листата на стрелци и да го спаси Бразил од пораз.