24фудбал

Нејмар сениор е фрустриран но не губи надеж за враќање во Барса: Преговорите не се завршени

Таткото на Нејмар признава дека е фрустриран од неуспехот да се најде договор за трансфер на неговиот син во Барселона но не губи надеж и вели дека преговорите не се завршени.

Шпанија

Бразилецот изрази желба да го напушти Париз ова лето и да се врати на Камп Ноу. Со месеци се шпекулираше за неговата иднина, Барса во последните денови од преодниот рок достави конкретна понуда, но договор за трансфер не беше постигнат.

Па напаѓачот ќе треба да продолжи во дресот на ПСЖ уште една сезона, или барем до јануари. Медиумите сега пренесуваат изјава од Нејамр сениор, кој на спортска конференција во Единбург говорел за тоа колку биле фрустрирачки преговорите.

„Како агент, се чувствувате беспомошен кога нема структура која ви овозможува да заминете. Нема откупна клаузула, и тоа ги прави работите многу тешки. Се мачевме да пронајдеме договор. Го дадовме максимумот, одработивме најдобро што можевме, но и тоа не беше доволно на крајот“ – вели Нејмар сениор.

„Бразилец сака да биде онаму каде што е среќен, и Нејмар беше среќен во Барселона. Кога неговите пријатели (од соблекувалната на Камп Ноу) го прашаа дали сака да се врати, тој беше трогнат од гестот“.

Според Фокс Спортс Бразил, Нејамр сениор на крајот додал: „Преговорите помеѓу клубовите не се завршени“.

Првиот човек на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу веќе порача дека на нивната агенда нема ангажман на Нејмар во зимскиот преоден рок, па останува да се види што ќе се случува во следните месеци.

Сигурно ваквите изјави нема да му помогнат на раководството на ПСЖ, кое сега ќе треба во составот да интегрира фудбалер кој очигледно не сака да го носи нивниот дрес. Ќе треба да се менаџира и ситуацијата со навивачите, кои веќе изразија незаоволство и упатуваа навреди на адреса на Бразилецот.