24фудбал

Меси сепак нема да игра против Валенсија

Иако шпанските медиуми најавуваа камбек на Меси на натпреварот со Валенсија, сепак тоа нема да се случи, Аргентинецот ќе го пропушти и тој натпревар.

Шпанија

Ни престојниов викенд нема да се состави триото Гризман-Суарез-Меси, докторите не му дозволуваат на Аргентинецот да игра против Валенсија.

Опоравувањето на Меси се одвива побавно отколку што се очекуваше, но веројатно ќе го пропушти само уште мечот со Валенсија.

За разлика од него, Луис Суарез ќе биде во составот.

Лео Меси се повреди на 5. август на тренинг и се уште нема одиграно натпревар оваа сезона. Во меѓувреме Барселона освои само четири од можни девет бода во првите три кола од Примера.