Категорија: Англија 11.09.2019 13:40
Напаѓачот во 2015 се пресели на Сент Џејмс Парк во зделка вредна околу 18,5 милиони евра, но неодамна беше отворена истрага поради сомнителни активности и во април беше извршен претрес во канцелариите на Андерлехт и Фудбалската федерација на Белгија.
Утрово имало нови претреси на седум локации во Белгија, Монако и Лондон и биле уапсени две лица поради перење пари и корупција.
Како што пренесуваат медиумите, во Монако е приведен фудбалски агент, додека пак негов соработник е приведен во Лиеж.
Кога трансферот се реализираше пред четири години, медиумите шпекулираа дека за богатата зделка помогнале познатите агенти Пини Захави и Фаљи Рамадани, кој по потекло е од Македонија.
Сепак, во операцијата настрада Кристоф Анроте, еден од најпознатите агенти во Белгија, кој се грижи за кариерата на неколку репрезентативци на „ѓаволите“ како Тибо Куртоа и Јаник Караско, а посредувал и во трансферите на Ромелу Лукаку, Јури Тилеманс и Леандер Дендонкер.