24фудбал

Мурињо: Роналдо е феномен, треба да биде предмет на проучување, и на 50 години ќе даде гол

Жозе Мурињо вели дека воопшто не е изненаден од она што го прави Кристијано Роналдо, вели дека неговиот сонародник е феномен и очекува тој да ја тресе мрежата и на 50 години кога ќе го викнат на меч со фудбалските легенди.

Останато

ЦР7 е во фокусот откако синоќа постави неколку рекорди со четири погока во мрежата на Литванија и стигна до 93 гола во 160 меча во дресот на Португалија.

Жозе Мурињо, кој соработуваше со својот сонародник три години во Реал Мадрид, вели дека воопшто не е изненаден. 

„Не сум изненаден од она што го прави. На 34 години, тој е топ фудбалер, игра во топ тим, со топ амбиции. Од аспект на генетика, треба да биде предмет на проучување, истото важи и за неговиот менталитет. Па затоа воопшто не сум изненаден“ - вели „Специјалниот“.

„Кристијано е феномен. Тој е личност која мисли само на победи, да направи нешто повеќе, да биде подобар“.

„Верувам дека кога Роналдо ќе има 50 години, ќе добие покана од ФИФА да настапи на натпревар со фудбалски легенди, ќе се појави на теренот и ќе постигне гол. Сигурен сум дека ќе биде така“.