24фудбал

Реал има договор со Челси за Канте?

Од Шпанија пристигнува вест за договор помеѓу Челси и Реал Мадрид за Нголо Канте, „кралевите“ добиле прва опција да го ангажираат Французинот доколку тој следното лето биде на продажба.

Шпанија

Реал Мадрид и Челси изминатово лето имаа долги преговори за трансфер на Еден Азар и на крајот си подадоа рака за зделка од 100 милиони евра, која со бонуси може да се искачи и до речиси 150 милиони евра.

Од Шпанија сега пристигнува вест дека на средбите помеѓу двата клуба било разговарано и за Нголо Канте. Со оглед на тоа дека „сините“ имаат забрана за ангажман на нови играчи, не сакале да слушнат за заминување на Французинот.

Но поради тоа што „кралевите“ се однесувале пристојно, паднал договор со кој Реал Мадрид ќе има прва опција. Доколку Челси реши да го продаде Нголо Канте следното лето, Флорентино Перез и неговите соработници ќе имаат опција да ја изедначат секоја понуда што ќе пристигне и да го ангажираат големиот работник од средниот ред.