24фудбал

Меси го впери прстот кон управата на Барса: Не сум сигурен дека клубот стори се' што можеше...

Првата ѕвезда на Барса тврди дека никогаш не замешал прсти во политиката на клубот во однос на темата „Нејмар“, меѓутоа додава дека го дал своето мислење, тој не крие дека би било одлично Бразилецот да се врати на „Камп Ноу“.

Шпанија

Потенцијалното враќање на Нејмар на „Камп Ноу“ беше вест која доминираше низ европските и светски медиуми, меѓутоа тоа на крајот од летниот преоден рок не се реализираше, а капитенот на Барселона, Лионел Меси не крие дека силно посакувал да се врати Бразилецот.

Би било одлично Нејмар да се врати во клубот, јас би бил пресреќен во една таква ситуација“ изјави Меси за „Спорт“.

„Да бидам искрен, не знам дали Барселона направи сешто е можно за да го реализира неговото враќање, како и да е, сигурно дека преговорите со ПСЖ не се лесни“ додава Аргентинецот.

На спортско ниво, Нејмар е еден од најдобрите во светот, јас никогаш не побарав клубот да го врати Нејмар, сешто сторив беше давање мислење на таа тема, не сум разочаран, имаме фантастичен состав кој може да биде конкурент за сешто е можно, дури и без Нејмар“ заклучи првата ѕвезда на Барса.