24фудбал

Конте најплатен тренер во Серија А на сите времиња

Интер добро го одврза ќесето за својот нов тренер кој почна со две победи од исто толку натпревари во новата сезона од Серија А, многумина очекуваат „Нероаѕурите“ да ги расипат сметките на Јувентус и Наполи на врвот.

Италија

Антонио Конте е најплатениот тренер во историјата на Серија А со својата годишна плата од 11 милиони евра во Интер, што е речиси двојно повеќе во однос на платата која ја има Маурицио Сари на клупата на Јувентус.

„Ла Газета дело Спорт“ објави листа од најплатените фудбалери, а на врвот осамна шефот на стручниот штаб на „Нероаѕурите“ кој испиша рекорд по тоа прашање во италијанскиот фудбал.

Се верува дека Конте заработува 11 милиони евра од сезона на клупата на Интер, што е речиси двојно од платата на Сари во Јувентус која изнесува 5,5 милиони евра.

На третото место се наоѓа Карло Анчелоти од клупата на Наполи со годишна плата од 5 милиони евра, додека пак, Синиша Михајловиќ (Болоња), како и Пауло Фонсека (Рома) заработуваат по 3 милиони евра.

Големиот успех со Аталанта, завршувајќи на третото место и квалификувајќи се во Лигата на шампионите, му донесе нов договор на Џан Пјеро Гасперини со заработка од 2,5 милиони евра.

Освојувачот на Копа Италија со Лацио, Симоне Инзаги има годишна плата од 2 милиони евра, исто како и Марко Џампаоло од Милан.

Најмала плата како тренер во Серија А на годишно ниво има Игор Тудор од клупата на Удинезе, кој заработува 500,000 евра.