24фудбал

Венгер добива функција во ФИФА

Поранешниот долгогодишен тренер на Арсенал претходно не криеше дека едвај го чека новиот предизвик на тренерско ниво, па дури да станува збор и за одредена репрезентација, сепак, тој ќе влезе во светската фудбалска организација со висока позиција.

Останато

Според пишувањата на „Њујорк Тајмс“, се вели дека поранешниот долгогодишен тренер на Арсенал, Арсен Венгер ќе биде назначен за технички директор на ФИФА во деновите кои претстојат.

Се верува дека Французинот ќе има широко отворени раце врз фудбалската влада, ќе сугерира развој на стандардите на тренирањето и ќе понуди совети околу останатите работи кои влијаат на тоа како се играат натпреварите.

„Њујорк Тајмс“ пишува дека 69 годишниот Венгер веќе ја прифатил понудата на ФИФА, меѓутоа се уште не се финализирани деталите од официјалната титула која би му припаднала на Французинот. 

Кога го напушти Арсенал, во мај 2018. година, по цели 22 години минати на клупата на таа екипа, Венгер директно посочуваше дека едвај го чека новиот предизвик како тренер, а во интервју за „Беин Спортс“ тој стави јасно дознаење дека му недостига тренерскиот живот, додавајќи дека би сакал да добие нова шанса на тоа поле, па дури да станува збор и за национален тим.

Славата на Венгер во фудбалот, како и неговото големо искуство се чини го прави атрактивна опција за светската фудбалска организација под кормилото на Џани Инфантино, а се верува дека Французинот е исклучително добра опција за нешто ново во таа организација која со години беше предмет на лоша организација и корупција.