24фудбал

Агентот на Лаутаро „флертува“ со Барса: Би било одлично да игра заедно со Меси

22 годишниот напаѓач го засени заминувањето на Икарди во ПСЖ ова лето, тој полека но сигурно станува клучен играч за „Нероаѕурите“ со своите импресивни изданија, а не престанува да погодува во дресот на Аргентина.

Италија

Мауро Икарди е веќе минато за Интер, „Нероаѕурите“ веќе имаат нова аргентинска ѕвезда во својот состав која сигурно уште повеќе ќе се развива, Лаутаро Мартинез, кој постигна хет-трик во убедливата победа од 4-0 на Аргентина против Мексико во пријателскиот меч.

Напаѓачот на Интер продолжу да погодува во дресот на својата репрезентација, а неговиот агент вели дека би било одлично еден ден тој да му биде соиграч на неговиот сонародник Лионел Меси во Барселона.

Би било прекрасно доколку го видам еден ден да игра заедно со Лео Меси во Барселона“ изјави Бето Јаге.

Одлично е тоа што игра во таква форма, релаксиран и среќен, има одличен допир со топката, одлична контрола која им прави проблеми на дефанзивците во обидите да го сопрат“ додава тој, а притоа открива дека не било лесно да почне нивната меѓусебна соработка.

Лаутаро е многу смирена особа, кога за прв пат се сретнав со него, не беше лесно да ја договориме соработката, да го земам со мене, тој беше многу близок со своето семејство и се чувствуваше носталгичен доколку дојде до било каква разделба, за среќа, неговите родители ми веруваа“ вели Бето.

Пред да замине во Интер, му реков дека нема да има проблеми во адаптацијата во таа екипа, верував дека што и да има зацртано во неговата глава, тој го реализира“ заклучи агентот на Аргентинецот.